Аленка Братушек најави работа и економски раст на Словенија

Од:

Новиот словенечки премиер Аленка Братушек, чија Влада беше изгласана синоќа од Парламентот, вети заживување на економијата, спас на банките во земјата и избегнување на меѓународен спасувачки план.

Словенечкиот парламент синоќа ја изгласа со 52 гласа „за“ новата левоцентристичка влада на Аленка Братушек, во која ќе има 13 министерства.

Братушел е првата жена премиер на Словенија. Нејзината левоцентристичка партија Позитивна Словенија ја наследува конзервативната влада на премиерот Јанез Јанша, на која минатиот месеци и беше изгласана недоверба поради обвиненија за корупција.

Новата четирипартиска коалиција располага со 49 од вкупно 90 места во Парламентот. Во својата програма таа се залага за обезбедување на финансиска и политичка стабилност на земјата, зголемување на конкурентноста и обезбедување работни места за младите.

– Очекувам консолидација на државните финансии, што нема да дозволи пад на економскиот раст, изјави Бартушек, алудирајќи на отстапување од непопуларниот курс на штедење на Јанша.

Бартушек нагласи дека владата ќе се фокусира на решавање на проблемите на локалните банки, чии лоши кредити достигнуваат 7 милијарди евра или околу 20 проценти од бруто домашниот производ.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски