Натпревар во Дар ес Салаам, главниот град на Танзанија, беше прекинат од необични натрапници, а снимките почнаа да се шират на социјалните мрежи.
Видеото ги прикажува играчите, навидум без очигледна причина, само одеднаш легнуваат на теренот и одбиваат да се движат.
Поточно, на терен влета голем рој пчели, а играчите на двата тима сложно се фрлија на земја за да се заштитат од напаѓачите. Исто така, некои навивачи ги напуштија трибините.
Нападот се случи во 52. минута од натпреварот и траеше околу 10 минути. Според, „Дејли Њуз“, најлошо помина голманот Али Сонсо, кого пчелите го избоделе толку многу што морал да побара медицинска помош.