Кина ја намалува царината за 850 странски артикли за да ја поттикне конкуренцијата

Од:

Кина денеска најави дека од 1 јануари ќе ги намали царините за повеќе од 850 странски производи, вклучително и замрзнато свинско месо, лекови против астма и некои високо технолошки компоненти, со што би се поттикнала конкуренцијата и економскиот развој.

Таквата одлука е последица на неодамна постигнатиот преоден трговски договор со Вашингтон во „царинската војна“ што ги поткопа финансиските пазари. Кинеските претставници истакнаа дека на намалувањето на царините не треба да се гледа како „отстапка на американскиот притисок“.

– Најновиот чекор има за цел зајакнување на усогласениот развој на трговијата и животната средина, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Пекинг донесе низа мерки за отворање на пазарите и за намалува на царините со цел да го поттикне економскиот раст, кој во третиот квартл од годината изнесуваше шест отсто, што е најмал во последните три децении.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија