(ВИДЕО) Млади со боксови и клоци натепани сред Скопје: На кого му се правиш мафијаш?

Од:

Во центарот на Скопје во близина на автобуската станица Рекорд, снимена е тепачка меѓу две групи на млади лица. Лицата најпрво разговараат меѓусебно, а еден од нив снима. Потоа, четири лица со боксови и клоци претепуваат две момчиња, а од снимката се слушаат и навредливи зборови..

„А п**а ти ма**р. На кој му се правиш мафијаш?“, се слуша на снимката.

Снимката е снимена доцна навечер, а на улицата покрај Рекорд не поминуваат возила. Видеото трае околу 40 секунди, а објавено е на социјалните мрежи.

Од МВР велат дека тепачка на Рекорд не е воопшто пријавен.

„Таков настан според локацијата која ја посочивте во претходниве денови не е пријавен“, велат од МВР за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

Тепачка во болницата „8 Септември“ во Скопје

Горан Наумовски

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Татко и двајца синови крвнички тепале соселанец во Батинци

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во Советот на Општина Кочани

Горан Наумовски