Царовска и Милевски очекуваат конструктивност од опозициските министри во техничката Влада

Од:

Министрите за труд и социјална политика и локална самоуправа, Мила Царовска и Горан Милевски очекуваат конструктивност од опозициските министри кои ќе влезат во новата техничка Влада.

-Конечно во Македонија треба да се покажат поинакви вредности, поинаков дијалог и начин на конструктивна дебата и дискусија за секое прашање. За одредени прашања може да имаме согласување или несогласување, но не преку ефтина политика, туку преку аргументи факти и заеднички диксусии, вели Царовска, по денешната посета на Штип.

Министерот за локална самоуправа, Милевски со став дека техничката Влада има за задача да овозможи спроведување на фер и демокртаски избори.

-Така што мислам други ингеренции немаат. Многу брзо се изборите до април. Така што мислам дека нема да имаат можност нешто многу да бојкотираат. Видовме како претходно работеше претходната Влада, можеби ќе има некои забелешки, жалби до јавноста, се во насока на изборите. Но мислам дека Владата ќе си ја заврши задачата и ќе организира едни фер и демократски избори, рече Милевски.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски