Aпелација потврди: Укината е пресудата за Мијалков, доказите им противречат на фактите

Од:

Апелациониот суд во Скопје ја потврди информацијата која утрово ја објави „А1он“ дека е укината пресудата за предметот „Титаник 2“ на СЈО, каде обвинет беше ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

„По одржана јавна седница на ден 04.11.2019 година, Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, соопшти второстепениот суд.

Апелациониот суд Скопје констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.

„Жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка“, пишува во соопштението.

Мерките на претпазливот изречени према обвинетите, судот одлучи да останат во сила.

Одлуката ќе бидат објавени во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Kривичниот суд во Скопје во март годинава на екс-директорот на УБК, Мијалков му пресуди три години затвор во овој предмет.  Поранешниот директор на УБК беше осуден за примање награда за противзаконско влијание, бидејќи преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, побарал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласачко место во Струмица.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, беше осуден на три години и два месеца затвор, Бедредин Ибраими доби четири години и шест месеци, а членовите на ДИК, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули