Омонија го совлада АЕК Ларнака со 3:2 во дербито на кипарското фудбалско првенство, а тоа беше меч на кој играа двајца македонски интернационалци.
Даниел Мојсов и Иван Тричковски го одиграа целиот меч за АЕК, но не може да бидат задоволни, бидејќи тимот загуби и притоа одбраната со Мојсов на чело прими три гола, а Тричковски не беше стрелец на гол. Мојсов доби и жолт картон.
Омонија е на првото место на табелата со 31 бод, цели 12 повеќе од АЕК Ларнака. Тимот на Мојсов и Тричковски до пред еден месец се бореше за врвот, во последните пет кола има дури четири порази, и го загуби чекорот со водечките.