Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули смета дека оваа година има значително намалување на денови со надминати концентрации на ПМ10 честички во воздухот. Според него, тоа не е резултат само на времето, туку и на граѓаните, институциите и Планот за чист воздух. Во неговото обраќање рече дека и се придружува и на младата Грета Тумберг, додавајќи дека мора и се верува на науката.
„Факт е дека оваа година имаме значително намалување на денови со надминати концентрации на ПМ10 честичките. Емисиите на штетни честички не е доволно низок, но трендот на намалување е видлив. Некој ќе се повикаат на времето, климатски промени, но факт е дека намалувањето е резултат на заедничка акција на сите. Резултат на зголемена свест кај граѓаните која е на највисоко ниво до сега, младите кои користат превозни средства кои не загадуваат, сведоци сме на построги инспекции од страна на надлежните институции. Кооридинираните инспекции драстично ги намали примерите на илегални палења. Во Скопје има повеќе зеленило, поставени се зелени бариери, има нови паркови, зелени кровови. Македонија е шампион во реформи енергетска политика. Го намаливме ДДВ-то за парно греење. Ја одржавме цената на струјата, исплатливо е да се греете на струја“, рече Макрадули.
Тој смета дека за намалување на деновите кога воздухот ги надминува границите на загаденост над просечните е Планот за чист воздух кој го донесе Владата. Макрадули најави замена на нееколошките начини на греење во околу 40 градинки и училишта, како и државни објекти.
„Успешноста во Планот за чист воздух носи и заштеда на буџетските средства. На пример 1 градинка троши 16 тони нафта или околу 12 илјади евра. Сега, греењето во овие објекти ќе биде 3-4 пати поевтино. Еден објект објект кој троши 16 тони нафта емитува 11 килограми ПМ10 честички, а од 45 објекти во воздухот има 495 килограми ПМ10 честички на годишно ниво“, објасни Макрадули.
Макрадули рече дека се придружува на она што го зборува Грета Тумберг, односно дека мора да и се верува на науката. Тумберг пак е 15-годишна активистка која организираше движење за климатските промени.
„Ова е заедничка борба, ова е заеднички воздух. Најголем дел од денот го поминувам во спроведување на Планот за чист воздух. Има низа на мерки. Има општини кои се подобри, има од оние кои каскаат“, смета Макрадули.
Заемник-министерот рече дека издвоени се 100 милиони денари буџет за справување со загадениот воздух во текот на идната година.