Макрон прогласен за поглавар на Брегот на Слоновата Коска

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на Брегот на Слоновата Коска ја доби титулата традиционален поглавар.

Според француските медиуми, титулата на Макрон му е доделена во Абиџан од градоначалникот на главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Робер Бегре Мамбре.

– Традиционалните и религиозните поглавари побараа од мене да ви го доделам името „Нџекуале“, односно оној кој претставува мир и спокојство, оној кој е во потрага по мир, кој работи за мир со своите дела, рече Мамбре.

Тој истакна дека Макрон сега е „традиционален поглавар во согласност со најизворната традиција“ на Брегот на Слоновата Коска.

Францускиот претседател во таа прилика ја доби и традиционалната облека на поглавар.

Макрон, претходно, за време на посетата на Абиџан изјави дека француските сили убиле 33 терористи во областа Мопти во Мали.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ