На што прво помислувате кога ќе видите дека зад водопадите има влабнување во земјата? Колку би било добро да поминете од другата страна и да се најдете зад водопадите? Тоа е она на што многумина помислуваат, а замислете колку е волшебно да се најдете зад заледен водопад.
Години наназад властите предупредуваат дека никако не смее да се оди зад водопадите, особено ако се заледени, поради незгоди кои можат да се случат кога масивните ледници ќе почнат да паѓаат, но има луѓе кои сакаат да ризикуваат и да ѕирнат зад водопадите.
Еден од најубавите водопади е Минехаха во Минеаполис, за кој не може да се одлучи дали е поубав во пролет кога водата брзо паѓа или во зима кога е замрзнат.
Иако е навистина небезбедно да се помине зад водопад, луѓето често го прават тоа и за среќа на оние што не го прават, социјалните мрежи се полни со фотографии од прекрасната сцена зад „замрзнатата завеса од вода“.
Водопадот Минехаха се наоѓа во паркот Минехаха во државата Минесота. Овој водопад од 17 метри го посетуваат скоро еден милион луѓе годишно, кои покрај водопадот доаѓаат во паркот Минехаха за прошетки по природа, голф, пливање во базен или уживаат во културно-забавна програма организирана во рамките на паркот.