Студија: Растенијата исчезнуваат двапати побрзо од животните

Речиси 600 видови растенија исчезнале од природата во изминатите 250 години, според истражувањата на научниците кои анализирале популација од 330.000 видови растенија од целиот свет.

Тие тврдат дека од 1900 година до денес во просек годишно исчезнувале по од три видови растенија, што е 500 пати побрзо отколку кога станува збор за природното изумирање на растенијата кои растат од семе, јави Би-Би-Си.

Поголемиот дел од ова се случило на изолирани острови како што се Хаваи и Маурициус, потоа во Австралија, Бразил и Индија, каде што растителните видови се повеќе ранливи на промените во животната средина врз кои влијаат луѓето. Научниците велат дека областите на исчезнување на растенија се совпаѓаат со области на изумирање животни.

Научниците од Универзитетот во Стокхолм и нивните колеги од Кралскиот ботаничка градина заклучија дека 571 вид растенија исчезнале, двапати повеќе од изумрени птици, цицачи и водоземци или вкупно 217 видови. Се стравува дека тоа не е вистинска слика, и дека бројката е многу поголема.

Би можело да ве интересира

Остатоци од леб стар 14 илјади години пронајдени во Јордан

Татјана Ташкова

Под ледникот на Гренланд откриени 56 езера

По 130 години се менува масата на еден килограм

Откриен противотров за најсмртоносниот отров во светот

Татјана Ташкова

На Антарктикот откриена стапалка од диносаурус стара 200 милиони години

Научници работат на средство за контрола на размножувањето на комарците

Ана Ололовска