(ВИДЕО) Пресушија Викториините водопади: Ова првпат го видовме, не беше вака

Од:

Викториините водопади кои настанаа на местото каде што реката Замбези пропаѓа 100 метри во бездна, а чија убавина привлекуваше милиони туристи во Зимбабве и Замбија, пресушија поради најголемата суша во последните сто години.

Иако вообичаено забавуваат во текот на сувата сезона, годинава се случи неочекуван пад на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени може трајно да ги уништат водопадите.

„Во претходните години, ако се сушеа, немаше да се случи до таков степен“, рече Доминик Њамбе, продавач на сувенири. „Ова го видовме за првпат“.

Њамбе вели дека веќе е намален бројот на туристи бидејќи виделе на интернет дека водопадите се забавиле.

Проблемот е во тоа што целата област е зафатена од сушата и дека многу луѓе остануваат без храна заради сушата. Се проценува дека околу 45 милиони луѓе имаат потреба од помош.

Зимбабве и Замбија се исто така погодени од ограничувањата на електричната енергија, бидејќи производството на овој извор на енергија зависи исклучиво од хидроцентралата лоцирана на реката Замбези, спротиводно од водопадот.

Во другите делови на водотекот, има многу малку вода.

Податоците на официјалните лица одговорни за реката Замбези покажуваат дека нивото на водата е под оној од 1995 година, што беше најниско запишано и далеку под просекот. Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу рече дека ова е предупредување за тоа што климатските промени му го прават на нашето опкружување.

Водопадите на Викторија се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Водопадите главно се широки над 1,5 км, со пад од 128 метри.

Би можело да ве интересира

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На Европа и се заканува нова голема криза: Доаѓа екстремно сушно лето, цели региони страдаат за вода

Катерина Ѓуровски

Мнозинството студенти и пензионери подложни на дезинформации – не ги препознваат лажните вести на интернет

Петар Клинчарски

ИРЦ: Климатските промени во 2023 година ќе поттикнат хуманитарни кризи

А1он