Бергер за Хамилтон: Да го надмине Шумахер и потоа да оди во Ферари

Од:

Луис Хамилтон мора да остане во Мерцедес за да ги надмине рекордите на Михаел Шумахер, а потоа да оди во Ферари за да ја потврди својата слава во Формула 1.

Ваков совет му дава на Британецот поранешниот пилот на црвениот тим – Герхард Бергер.

– За Луис, а воопшто и за било кој пилот, нема подобра препорака отколку еднаш во неговата кариера да има шанса да вози за Ферари. Тоа е огромно искуство. Возењето со Ферари е водено од многу силни емоции. Јас лично сум бил многу под влијание, бидејќи многу го сакам Ферари. Го сакав италијанскиот менталитет, самиот бренд и мислам дека тоа би било случај со Луис. Повеќето пилоти го сакаат тоа, но тоа треба да се случи во вистинско време. Според мое мислење, тој треба да оди во Ферари, откако ќе ги подобри сите рекорди. Би било премногу ако тој го напушти Мерцедес порано, бидејќи никој не заминува од таков феноменален тим, изјави Бергер за британскиот весник „Гардијан“. “

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он