(ВИДЕО) Стоилковски: Количеството на отровен сулфур диоксид во воздухот е трипати над дозволеното

Од:

На ова место СДСМ ветуваа чист алпски воздух, а добивме чад и сулфур. Македонија тоне во отровен смог. Неколку фабрики на олигарсите блиски до Зоран Заев ја загадуваат државата со отровен сулфур диоксид. Граѓаните се трујат, а олигарсите на Заев заработуваат, рече Наум Стоилковски, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Концентрацијата на сулфур диоксид во воздухот во државата е 3.4 пати над националниот плафон, а плафонот на прашина повеќе од два пати, ова не се мерења на мерните станици, кои според власта не мерат точно, ова е извештај на Европската енергетска заедница во Виена.

Годишно во атмосферата се емитуваат 53.855 тони сулфур диоксид, тоа е 3.4 пати повеќе од дозволеното, што изнесува 15.855 тони.

Според извештајот на Европската енергетска заедница количината на емитувани загадувачки супстанци од година во година се зголемува.

Нивото на емитуван сулфур диоксид во атмосферта во 2014 година изнесувало 44.267 тони, за сега 5 години потоа да имаме 10.000 тони повеќе сулфур диоксид во атмосферата. Доказ за тоа е густиот облак од смог над Скопје, што се гледа зад мене.

Скопје и Македонија континуирано се гушат. Сулфур диоксидот е отровен за луѓето, животинскиот и растителниот свет.

Зголеменото ниво на сулфур диоксид во атмосферата влијае иритирачки на кожата, очната мембрана и дишните патишта. Високата концентрација на сулфур диоксид како во Македонија предизвикува иритирање и болести на респираторниот и кардиоваскуларниот систем.

Под ризик од огромното присуство на сулфур диоксид во атмосферата се луѓето со белодробни заболувања, децата, возрасните над 65 години и луѓето кои работат на отворено.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи три мерки кои итно мора да бидат преземени. Очекуваме од Заев и Шилегов минимум одговорност и да го преземат неопходното веднаш.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град