Пакистанската војска жали поради смртната пресуда за поранешниот воен диктатор Первез Мушараф.
„Офицерите и војниците од пакистанските оружени сили ја примија одлуката на судот за пензионираниот генерал Первез Мушараф со болка и страдање“, се посочува во соопштението од пакистанската војска.
Пакистанскиот Врховен суд го осуди некогашниот претседател на таа земја на смртна казна поради предавство и кршење на Уставот.
„Первез Мушараф е прогласен за виновен по член 6 за кршење на Уставот на Пакистан“, соопштија властите.