Меркел: Еврозоната заедно да најде решение за Кипар

Од:

Должност на државите-членки на еврозоната е заедно да најдат решение за Кипар, откако парламентот во Никозија отфрли план за европска помош, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Кипар е наш партнер во еврозоната, и затоа наша должност е да најдеме заедно решение, изјави таа на прес конференција.

Меркел посочи дека жали за гласањето во кипарскиот парламент, но „го почитуваме гласањето“.

Таа вели дека Германија сака да најде решение за Кипар, но тоа треба да биде план за корекции во банкарскиот сектор на островот. Додаде дека очекува да види каков алтернативен план ќе понуди Кипар за меѓунардоните кредитори за да спречи банкрот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел