ВИДЕО: Преку Планот за чист воздух се поддржуваат општините за воведување на поеколошки системи на греење на јавните објекти

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска, заедно со градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин ја посетија градинката „Буба Мара – Пчелка 2“, каде досегашниот нееколошки систем на греење на нафта се заменува со високоефикасни инвертер клима уреди.

Поддршката што општината ја доби од Планот за чист воздух, за реализација на оваа мерка е во вредност од три милиони денари.

Досега за затоплување на овој објект просечно годишно се трошеа 14 тони нафта или пресметано во пари околу 12 илјади евра. Очекувањата се дека една грејна сезона ќе чини четири пати помалку.

Успешноста на Планот за чист воздух не е само спречување на загадувањето, туку и заштедата на буџетските средства.

Идната година ќе се заокружат и двата јавни објекти, кои користат нееколошки извор на затоплување во општина Аеродром и со тоа нема да постои јавна институција во општината која ќе го загадува воздухот, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС