ВИДЕО: Сексуалните работнички по дванаесети пат маршираат низ Скопје

Од:

Маршот на „црвениот чадор“ по 12-ти пат се одржува во Скопје, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Маршот започна пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“.

Организаторите на Маршот истакнуваат дека е голем бројот на сексуални работници кои секојдневно трпат физичко и психичко насилство, но малкумина од нив се охрабрени истото да го пријават во полиција.

„Во анализите кои ги покажуваат истражувањата спроведени директно на терен од страна на граѓанските организации во 2018-та година, документирани се 100 случаи на насилство од страна на сексуалните работници. Најголем доел од нив, 34, се случаи на семејно насилство, кои се случиле во домот на сексуалните работници. Ова значи дека сексуалните работници не се безбедни ниту во сопствениот дом.

Според ова истражување, трансродовите сексуални работници се уште повеќе се изложени на насилство и маргинализација. Документирани се 26 повреди на транс жени – сексуални работнички, кои дополнително се соочуваат со насилство мотивирано од омраза поради родовиот идентитет. Во 2019 година, бројот на документирани случаи е помал. Но, тоа не се должи на позитивните промени, туку баш напротив. Според нашите искуства на терен, сексуалните работници се уште се обесхрабрени, немаат доверба во институциите и се плашат да пријават насилство“, кажа сексуалната работничка која се претстави како Моника.

Кога станува збор за заштита на нивните права, сексуалните работнички и работници, најчесто се обраќаат во невладините организации кои ги гледаат како свои сојузници.

– Во текот на 2018 година, 249 сексуални работници се обратиле до невладината ХОПС опции за здрав живот. 178 сексуални работници добиле социјални услуги, додека 65 добиле медицинска услуга, односно биле тестирани за ХИВ – не информираа од невладината ХОПС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Црвените чадори маршираа во Скопје: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

ХОПС: За време на одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници не се случија инциденти

А1он

Меѓународен ден на сексуалните работници: „Ние сме осудувачко општество, кое не прифаќа различности“

Искра Манојлоска

ВИДЕО: „Дајте вакцини, и ние сме приоритетна група“, протестираат бразилски сексуални работнички

Жарко Настоски

ВИДЕО: Девојките од излозите го „запалија“ Скопје, три часа со еротски танц ја држеа публиката пред Универзална

Маја Илиевска-Пачемска