(ВИДЕО) Дебата за буџетот: Кој повеќе ја задолжил државата и која власт несовесно трошела народни пари

Од:

Распрaвата за буџетот, започна со препукувања помеѓу пратенниците од власта и опозцијата, кои меѓусебно се обвинуваа кој повеќе ја задолжил државата, односно кој несовесно ги трошел народните пари. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска рече дека овој буџет бил предизборен, за поткуп на глсачи, на штета на еконмоијата и инвестициите.

„Значи она што не можевте да го направите во изминатите три години, а им го ветивте на граѓаните, сега го правите со буџетот. Пред избори покачувате плати, пензии. Преизборен буџет, наместо развоен, за поткуп на гласачи, тоа е она што ние го гледаме на овој лист хартија“ рече Кузмановска.

Диме Велковски од СДСМ со контра-обвинување, рече дека владата морала да враќа долгови кои ги наследила од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заборавивте оваа влада што прави, враќа долгови, бидејќи претходно многу се задолжувавте. Над 500 милиони евра треба да се вратат идната година. За каков долг зборувате, кога владата ги враќа долговите направени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Велковски.

Кузмановска со контра реплика, дека било важно зошто се прави задолжувањето, односно дали тоа се прави за автопат или градинка при тоа обвинувајќи дека актуелната власт не направила ништо во однос на инвестициите.

„Направивме, автопати, училишта, па ги направивме и зградите на министерствата во кои вие се сместивте иако ви пречееа пред да дојдете на власт. Вие што направивте? Ниту 40% немате реализирано од капиталните инвестиции“, рече Кузмановска.

Костадин Костадинов, пак обвини дека власта на ВМРО-ДПМНЕ трошела огромни суми народни пари за реклами, за разлика како што рече од СДСМ кој вложувал во човечкиот капитал.

„Десет години сте планирале по 10 милиони евра, не од ваш џеб, не од белата палата пари, туку народни пари за реклами, за да се пофалите, да ставите панделки на чешмите и тогаш сте стискале зелено копче. За разлика од вас, кои 11 години денар не вложивте за човечкиот капитал, оваа влада издвојува“, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата