(ВИДЕО) Ременски по увидот кај Русковска: Видов сѐ освен докази

Од:

Пратеничката Фросина Ременски по повеќе од три ипол часа заврши со увид во доказниот материјал. Таа не сакаше да ја коментира обемноста на материјалот, ниту што има во доказите.

„Јас на прашања ќе одговорам кога ќе дадам изјава пред јавен обвинител. Јас видов се освен докази. На ниту еден документ дел од доказите немам ставено потпис“, рече Ременски.

Таа не сакаше да одговори дали се има среќавано со бизнисмените кои се оштетени во случајот со Меѓународниот сојуз. Не сакаше да коментира ниту за 750 илјади евра кои наводни биле префрлени на сметка кај пензионерка од Скопје.

Во однос на документите од УБК, кои беа пронајдени во нејзниот дом, Ременски рече дека истите не се класифициран материјал бидејќи во нив имало криминал.

Пратеничката повторно ги искара медиумите велејќи им дека треба да се заинтересираат за други случаи освен актуелниот за Меѓународниот сојуз.

Ременски по распитот се обиде да се оправда за петокот, велејќи дека не бегала од новинарите, односно дека не знаела оти тие ја чекат.

На прашањето од „А1он“, зошто не застана кога новинар го побара тоа од нејзе, таа немаше конкретен одговор.

Ременски во петокот помина пет часа кај Русковска, а на излегување се обиде да им избега на новинарите. Таа пред камерата на „А1он“ рече дека не завршила со увидот, а запрашања дали има обемни докази против неа, рече „Јас до сега не сум видела докази“. Исказ пред Русковска, пратеничката треба да даде утре.

Ременски во петокот рече дека медиумите прават фама од случајот со Меѓународниот сојуз и ги посоветува да се интересираат за други предмети. Таа не сакаше да каже дали е злоупотребена од страна на Бојан Јовановски, коментирајќи „На тоа ќе одговорам кога ќе треба“. Запрашана од кој влез излегла бидејќи сите се затворени, таа рече: „Јас не знам дали вие сте вратари или новинари во Јавното обвинителство. Ако сте вратари, тогаш клучевите се кај вас и ќе знаете од каде излегов и каде бев“.

Таа е осомничена дека помагала во извршувањето на кривичните дела измама и перење пари за кои се осомничени пет физички лица, и тоа, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Ременски остана и без пасош, а има и забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефони, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.

Обвинителката Вилма Русковска најави обвиненија на почетокот на новата година.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов