ВМРО-ДПМНЕ: Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол

Од:

„Зоран Заев ја опустоши и ограби државата за овие три години колку што е на власт. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, нема институција каде немало сомнителни милионски тендери.

Три години имаше заборавено на генералниот реизбор на судии и другите ветувања кои ги имаше давано од опозиција, затоа што го притискаше судот да не му пресуди за поткупот од 200.000 евра. Судиите му требаа додека вршеше разни притисоци за предмети како да бидат или да не бидат пресудени и кој да излезе од притвор или затвор.

Ги пушти осудените за убиството на 5 – те деца кај Смилковска, па еден у избега, а во затвор има невини луѓе кои лежат за патриотско чувство.

Три години владее вистински режим. Режимот на Зоран Заев диктаторот од Муртино. Во чие време е сторен најтешкиот криминал, со рекетарско бандитска изнуда на над 20 милиони евра, а ниту една институција не реагирала да го заштити бизнис секторот.

Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол.

Три години ја задолжуваат државата и направија нов долг од над 900 милиони евра, пари кои ќе ги враќаат нашите деца.

Три години државата тоне, а тие ги билдаат банкарските сметки.

Ова црнило мора да заврши. Зоран Заев на 12 април си заминува од власт. По 12 април следува обнова на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев на трибината во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните