Очилата на Џон Ленон се продадени на аукција, дури 20 пати поскапо од тоа што се проценети

Од:

Култните очила за сонце кои му припаѓаа на легендата Џон Ленон се продадени во петокот на онлајн страницата на аукциската куќа „Sotheby’s“ за 147 илјади евра, за сума 20 пати поголема отколку што беа проценети.

Очилата на продажба ги стави Алан Херинг, некогашниот возач на Ринго Стар и Џорџ Харисон, двајца од четворицата членови на Битлси.

Херинг раскажал дека сите тројца го возел еден ден во 1968 година, а кога Џон излегол од возилото, забележал дека ги иставил очилата за сонце на предното седиште, делумно искршени.

– Го прашав Џон дали сака да ги поправам, ми рече не се грижи, тоа е само поради стилот, раскажа некогашниот возач, кој никогаш не ги поправил очилата потоа.

– Не ги поправив никогаш, ги оставив такви кави што беа, како што ги остави Џон, откри тој.

– Ленон и неговите карактеристични очила станаа вистински тренд. Тие се најлегендарните очила за сонце во историјата на рокенролот, рече стручно лице од куќата Sotheby’s.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска