Алонсо: Ред Бул е најбрз!

Од:

Италијанските медиуми, кои инаку се многу критични, задоволни се со резултатите од првата овосезонска трка, односно од тоа дека Кими Раиконен за 12,5 секунди беше побрз од возачот на Ферари, Фернандо Алонсо.

Се чини дека сите се задоволни од тоа што Фетел не дојде до победата во Мелбурн.

Од таборот на Ферари за најголем ривал оваа сезона го сметаат Ред Бул и Себастијан Фетел. И самиот Фернандо Алонсо Ред Бул го карактеризираше како најголем противник на стазата.

„Јасно е дека се најбрз тим во шампионатот. На трката во неделата имаа одредени проблеми со гумите, што им спречи да го покажат својот максимум“ – изјави Шпанецот.

Со Алонсо се согласува уште еден поранешен шампион, австриецот Ники Лауда, кој смета дека Фетел нема причина за грижа. Лауда верува дека веќе на следната трка во Малезија, Ред Бул ќе ја покаже својата вистинска сила.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он