• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Бојан Јовановски и неговиот татко не дојдоа кај Русковска, доказите ги разгледувал Дуковски

by Кристијан Ландов13/12/2019 - 10:3213/12/2019 - 10:51962
Share0

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција бил поканет и Бојан Јовановски заедно со неговиот татко Миле Јовановски за да направат увид во доказите поврзани со истрагата која се води за Меѓународниот сојуз.

Добивај вести на вибер

Тие не се одзвале на поканата, а наместо Бојан Јовановски увид правел неговиот адвокат Сашо Дуковски

„Јас правев увид во доказите, наместо мојот клиент“, потврди Дуковски за А1он, но не кажа зошто Јовановски не дошол на увидот како што правеше претходно.

Вчера увид во доказите вршеле заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ и асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, потвтрдуваат од Обвинителството за А1он.

„Бојан Јовановски и Миле Јовановски беа повикани да направат увид во доказите за да се подготват да дадат исказ за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз“, велат од Обвинителството за А1он.

Моментално увид во доказите врши Фросина Ременски.

Таа е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Според истрагата, во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

reketreket 2

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски07/09/2025 - 11:4907/09/2025 - 12:12

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен