Судот во Брисел и нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија од припадничките на Исламска држава, кои имаат белгиска националност.
Децата, на возраст од седум месеци до седум години, морално е да бидат доведени во Белгија во рок од шест недели нареди судот. Тие во моментов се наоѓаат во бегалскиот камп Ал-Хол во североисточна Сирија, кој е под контрола на Курдите.
Ако Владата не даде конзуларна помош и административни документи за децата тогаш ќе биде казнета со 5.000 евра по дете. Белгискиот министер за правда, Коен Гинс изјави оти Владата е подготвена да ги земе деца се додека не мора да ги доведе во Белгија и нивните мајки.
Минатиот месец судот побара од владата во рок од 75 дена да ја врати жената, чиј сопруг се борел за ИД, и нивните две деца.