СДСМ: Со долгот од 400.000 евра за кампањата ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ има долг од околу 400.000 евра за неплатени обврски за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори.

Бидејќи сметката за изборна кампања од која треба да се наплати овој долг е затворена, ВМРО-ДПМНЕ го прекршил членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка“, велат од СДСМ.

„Одговорност за ваквото прекршување на законите мора да има првенствено од овластениот потписник на сметката, односно генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако навистина е за почитување на законите како што тврди, Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност Игор Јанушев кој е потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат