Пожар на единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“

Од:

Се запали рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ во текот на поправката на докот во Мурманск, и притоа се повредени три лица, соопшти извор од итната служба.

-Според првичните информации, огнот ја зафатил првата единица за напојување на бродот. Од горната палуба се гледа облак од густ црн чад, наведе извор за Тасс.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, а се верува дека настанал заради непочитување на безбедносните правила во текот на поправката.

Ремонтот на рускиот носач на авиони, што беше користен во руската воена кампања во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, почна уште минатата година.

„Адмирал Кузњецов“ во моментов е единствениот руски носач на авиони. Изграден е и спуштен во море во времето на Советскиот Сојуз и требаше да биде првиот носач на авиони во својата класа.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски