Путин: Не престануваат обидите за ревизија на историјата

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не престануваат обидите за искривување на историските вистини, а кон тоа, вели, се приклучиле не само наследниците на нацистичките соучесници, туку и некои угледни меѓународни институции и европски структури.

Како пример тој ја наведе неодамнешната резолуција на Европскиот парламент која, како што оцени, на исто ниво ги ставила нацистичките агресори и Советскиот Сојуз, пренесе синоќа Тасс.

-А оние кои се обидуваат да се спротивстават на таквата неоснована лага, се обвинуваат за информативна војна против демократска Европа, рече Путин на состанокот на организацискиот одбор „Победа“, задолжен за одбележување на 75-годишнината од победата во Втората светска војна.

Европскиот парламент пред 2,5 месеца усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и СССР, „го отворил патот за избувнување на Втората светска војна“.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски