Кина на прво место по уапсени новинари во 2019 година

Од:

– Одборот за заштита на новинарите (ЦПЈ) во денеска објавениот извештај наведе дека годинава во Кина се уапсени најмалку 48 новинари, со што земјата е на прво место наместо Турција.

Најмалку 250 новинари се уапсени ширум светот во текот на годината, што е за пет помалку од минатата година. Но, во Кина е уапсен еден новинар повеќе од минатата година.

– Бројот на уапсени новинари постојано расте откако претседателот Си Џинпинг ја зацврсти политичката контрола над земјата и покрена жестока контрола над медиумите, се наведува во извештајот на ЦПЈ.

Во извештајот посебно се истакнува провинцијата Синџианг, каде еден милион припадници на муслиманските етнички групи се интернирани во логори, што „доведе до апсење на десетици новинари, меѓу кои некои претходно беа во затвор поради нивната работа“.

Во Турција годинава се уапсени 47 новинари, додека минатата година беа лишени од слобода 68. Додека во Саудиска Арабија и Египет се уапсени 26, во Еритреја – 16, во Виетнам – 12 и во Иран – 11 новинари.

– Авторитаризмот, нестабилноста и протестите годинава доведоа до зголемување на бројот на уапсени новинари на Блиски Исток, се посочува во извештајот на ЦПЈ.

Околу осум проценти од затворените новинари се жени, што е пад во однос на 2018 година кога затворени новинарки беа 13 отсто.

Според ЦПЈ новинарите најчесто завршуваат во затвор поради текстови за политика, човекови права и корупција.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени