Сана Марин – најмлада премиерка во светот

Од:

Сана Мирела Марин ја презеде функцијата претседател на Владата на Финска во момент кога во државата се закануваат штрајкови и кога расте национализмот.

Марин, е на возраст од 34 години и воедно е најмлада премиерка како во историјата на Финска така и во светот. Нејзиниот претходник Анти Рине поднесе оставка на 3 декември по штрајк во државната пошта што се прошири и на други сектори. Тоа беше вторпат како падна владата во Финска за една година.

Марин е родена на 16 ноември 1985 година во Хелсинки и живеела во Еспо и Пиркала пред да се пресели во Тампере. Таа растела со својата мајка која се развела од сопругот.

На својот блог Марин раскажува дека на 15 годишна возраст се вработила во пекара и дека за време на средношколските денови заработувала џепарлак продавајќи весници.

Во интервју за вебсајтот Менаисет во 2015 година Марин зборува за тешкиот период со кој со се соочила кога нејзината мајка била во врска со жена. Марин изјавила дека се чувствувала невидливо, бидејќи не смеела отворено да зборува за своето семејство.

Но, според зборовите на Сана Марин нејзината мајка секогаш ја подржувала и ја уверила дека може да постигне се што ќе посака.

Новата финска премиерка е прва во своето семејство која успеала да заврши средно школо и да се запише на факултет.

Со политиката почнала да се занимава на 20 години, а две години подоцна веќе се кандидирала за пратеник во Тампере, град северно од Хелсинки, но не била избрана.Во следните седум години таа станала член на одборот, а веќе на 27 години станала и претседател на одборот.

Брзо напредувала во финската Социјалдемократска партија. Во партијата ја сметале за силна левица, чиj пратеник станала во 2015 година.

Како пратеник брзо го привлекла вниманието на поранешниот премиер и нејзиниот партиски лидер, Рине, кој ја именувал за негова заменичка.

Во неговата нова влада, Рине ја именуваше Сана Марин за министерка за транспорт и врски, но тоа не трае долго.

– Никогаш не сум размислувала ниту за своите години ниту за својот пол. Само размислував зошто влегов во политиката и зошто треба да победиме на изборите, изјави Марин.

Таа ќе ја води коалициската влада со четири партии што ги раководат жени. Министерката за финансии е уште помлада од неа (32), само една од нив е постара од 35 години.

Сана Марин е трета премиерка на Финска. Прва била Анели Јатенмаки, речиси два месеца на функција во 2003 година, а Мари Кивинијеми од 2010 година до 2011 година.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски