Заев: Правиме храбри чекори за овозможување права на нашите граѓани

Од:

Пратеникот Артан Груби веројатно не знаел дека целиот Закон за јазици е испратен во Венецијанската комисија затоа што не е член на Владата, вели премиерот Зоран Заев.

-Владата има записник и дебата. Ние сите мора да бидеме искрени во нашите намери кога работиме за оваа држава затоа и правиме храбри чекори во делот на овозможување на одредени права на нашите граѓани. Затоа и се доставени двата члена, но и целиот Закон, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Пробиштип.

Премиерот најави дека деновиве ќе се формираат и работните групи на кои како што рече, заедно коалициски да може да го утврдат начинот како да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија. Тој смета дека коментирањето од сите страни по ова прашање за Законот за јазици е заради тоа што доаѓаат избори, но, како што рече, без разлика на тоа законските решенија некогаш и живот значат за граѓаните.

Пратеникот Груби вчера изјави дека ДУИ не знаела оти целиот текст на Законот за јазици ќе биде испратен пред Венецијанската комисија. Како што истакна Груби, ДУИ очекувала да бидат испратени само делови од законот, односно деловите кои се однесуваат на парите, хартии од вредност и униформите.

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи