ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев треба да им одговорат на граѓаните за бројните скандали

Од:

„Криминалниот СДСМ е прочитан од граѓаните и му се ближи крајот па затоа Заев се обидува спасот да го најде во дефокусирање со креирање на лажни вести.

СДСМ и Заев треба да одговорат на граѓаните за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат.

Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет“?

Зошто се уништи добар инсулин?

Зошто функционерите на СДСМ не одговараат пред лицето на правдата?

Каде одат парите со кои СДСМ ја задолжува Република Македонија?

Низа други прашања заслужуваат одговор.

За лагите, измамите и потценувачкиот однос кон јавноста, СДСМ ќе го добие одговорот од граѓаните на 12-ти април. Граѓаните ќе стават крај на владеењето на криминалната влада на СДСМ и ќе започне обнова на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат