Руте: С. Македонија е блиску до старт на преговорите, Албанија не е подготвена

Од:

Холандија не е против проширувањето на ЕУ и смета дека Северна Македонија е блиску до започнување на преговорите за членство, но оти Албанија се уште не е подготвена за страт на преговорите, изјави холандскиот премиер Марк Руте за подгоричка „Побједа“.

– Не веруваме дека Албанија во моментов е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ. Што се однесува до Северна Македонија таа е поблиску до таа цел, вели Руте.

Тој посочува дека на состанокот на Европскиот совет во Брисел и покрај ваквата констатација за подготвеноста на двете земји, некои членки на Унијата не се согласиле процесот да биде раздвоен.

– За разлика од нив, одделни земји сакаа раздвојување и затоа на последниот Европски совет немаше одлука за прашањето за отворање преговори со овие две земји, изјави Руте.

Прашан дали 2025 година е реален рок за прием на некоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ, холандскиот премиер вели дека одредувањето крајни датуми не е цел сама по себе и оти најважно е да бидат исполнети условите.

– Немаме ништо против проширувањето на ЕУ, но мораме да се погрижиме да ги почитуваме правилата и целиот процес да биде строг и чесен. Тоа е нашата позиција, изјави Марк Руте за подгоричка „Побједа“.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он