Некогашниот репрезентативец на Англија и член на премиерлигашот Стоук, Мајкл Овен објави дека ја завршува кариерата.
– Гордо објавувам дека на крајот од сезоната се повлекувам од професионалниот фудбал. Поминав убави моменти во клубовите во кои настапував, Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук. Секако во сеќавање ќе ми останат и настапите во репрезентативниот дрес, вкупно 89, соопшти 33-годишниот напаѓач на Стоук.
Овен им се заблагодари за поддршката во текот на неговата кариера на сите негови тренери, соиграчи, спонзори и навивачи, а најмногу на неговото семејство.
Мајкл Овен во клупските настапи има постигнато 222 гола, а за англиската репрезентација реализирал 40 пати.
Има освоено шампионска титула во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, а со Ливерпул победил во ФА Купот, Лига Купот, УЕФА Купот и Супер Купот на Европа.