„Македонска сага“ – книга рецензии за современиот македонски филм

Од:

Книга за современиот македонски филм од осамостојувањето на земјава до денес, насловена „Македонска сага“, објави новинарката и филмска критичарка Сунчица Уневска. Тоа е нејзина втора книга рецензии за филм, по претходната „Седмиот печат“, но овојпат посветена целосно на македонскиот филм.

Содржи рецензии за 45 македонски филмови, почнувајќи од „Македонска сага“ (1993) на Бранко Гапо, па сè до „Втора шанса“ (2019) на Марија Џиџева. Покрај рецензиите, Уневска прави и избор на новинарски текстови и коментари кои зборуваат за состојбата со филмот во одредени периоди, како и текстови за филмови кои на свој начин и секој во своето време ги одбележале изминатите триесетина години. Рецензиите, написите и коментарите се објавени онака како што биле објавени во времето кога се појавил филмот.

– За разлика од порано, тоа е доста турбулентен период во поглед на филмската продукција во нашата земја, во кој доживеавме и најголеми успеси, но и многу големи падови, кога македонската кинематографија стана непрепознатлива во светот. Денес не е така, многу нешта во меѓувреме се сменија, а најмногу свеста дека македонскиот филм мора одново да се пронајде себеси и да го фати чекорот со тековите во светот. Некои нови проблесоци ветуваат дека не е сè загубено, истакнува Уневска за својата нова книга која е издание на „Аквариус“.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ