Жителите на Лондон спиеја на отворено на плоштадот Трафалгар, за да го одбележат глобалниот настан за ставање крај на бездомништвото. Преку овој настан кој се одржуваше уште во четири сведски градови, односно Единбург, Даблин, Њујорк и Бризбејн оваа година треба да се соберат околу 50 милиони долари.
За време на вечерта кога жителите спиеја надвор, температурата падна до 10 степени целзусови, а настанот беше пропратен и со дожд.
На глобалниот настан учество земаа и светски ѕвезди, меѓу кои, Хелен Мирен во Лондон и раперот Вил Смит на Тајмс сквер во Њујорк. Секој од холивудските ѕвезди раскажуваше приказна за спиење на луѓето кои ноќта ја поминуваа под отворено небо во знак на солидарност. Смит одржа и говор за негативните влијанија на бездомништвото.
„Емотивно ме погодува оваа тема. Да немате каде да одите преку ден, каде да легнете со вашите деца е ужасна трагедија“, рече Смит.
Will Smith speaking at World's #BigSleepOut in Times Square pic.twitter.com/gDVKEHa4FF
— Kadeem Lundy (@KLunJuly9) December 8, 2019
Настап во Лондон покрај Мирен имаше и Том Вокер.
Луѓето кои спиеја на улиците велат дека не се обидуваат да се преправаат дека се бездомници, туку да ја подигнат свеста на останатите.
„Вие не знаете никој што некогаш се обидувал да искуси што значи да се биде бездомник. Ние не се преправаме дека знаеме што е тоа. Ова е да се подигне свеста. Мислам дека сите кои се одзваа на настанот се фантастични. Затоа мислам дека треба да продолжи ова, бидејќи многу луѓе треба да го доживеат она што го доживуваат многу млади луѓе секој ден“, вели учесник на настанот.