(ВИДЕО) Стоилковски: Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта

Од:

Зоран Заев и Спасовски молчат за долгот на СДСМ од 2.5 милиони денари, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРо-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Ако постои синоним за зборот лицемерие тогаш тој ќе се Зоран Заев и СДСМ.

Практично тие прават политичка хајка со впрегнати државни институции врз ВМРО-ДПМНЕ, а го кријат очигледниот долг на СДСМ кој е во износ од 2.5 милиони денари.

Се уште не кажаа на јавноста според кој член на законот постоењето на долг е казниво, бидејќи таков член во законот не постои.

Криминалната двојка Заев и Спасовски молчат за тоа кому му должат.

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

СДСМ мора да каже кои се фирмите кон кои должат, и зошто тие се тајна.

Дали сега Михаузен Костадинов ќе излезе да даде одговори или ќе се сокрие позади уште едно алиби соопштение?“, праша Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО