ВИДЕО: Рама на двете деца што скокнаа од балкон за време на земјотресот ги изненади со Роналдо и Буфон

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама им приреди изненадување на Аурелин и Алејсон, двете деца кои во силниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер што ја погоди Албанија, за да се спасат, скокнале од балконот од своите домови.

Децата се здобија со повреди, но за среќа успеаја да се опорават.

Рама ги посети двете момчиња кога биле хоспитализирани во болницата по повредите здобиени од земјотресот. Алејсон изрази желба да се сретне со Буфон, додека Аурелин посака да го види Роналдо.

По излегувањето од болница, Рама ги однесе децата во Торино, каде ги ги запозна со Роналдо и Буфон.

Тие добија подарок дресови потпишани од двајцата популарни фудбалери.

– Благодарам многу Роналдо, ова е од големо значење, не само за децата, туку и за целата држава – изјави Рама.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек