Ангеловска: Започна поврат на ДДВ кон граѓаните и ќе продолжи и следните денови

Од:

Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, се додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу 3 милиони евра, рече на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Како што посочи Ангеловска денеска се исплатени сите налози кои пристигнале од УЈП за поврат на ДДВ и дека на сметките на 16.600 граѓани ќе легнат околу 21 милион денари.

-Апелирам до сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на ДДВ. Над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и за овие 5 месеци скенирани се над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно – рече Ангеловска.

Таа посочи дека просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години. Најмногу скенираат сметки во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.

Ангеловска најави и дека од 15 декември започнува МојДДВ #МојаНаграда и дека ова ќе биде уште еден мотив плус за граѓаните да ги скенираат фискалните сметки и со тоа да придонесат во борбата против сивата економија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Деновиве ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“

A1on

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи