СДСМ: Растот на извозот од 10,8 отсто потврдува дека економските политики се на прав пат

Од:

„Официјалните податоци во континуитет покажуваат дека економските политики на СДСМ се на правиот, вистинскиот пат и дека даваат реални резултати.

Според податокот на Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, бележи пораст за 10.8 % во однос на истиот период од претходната година.

Тоа значи дека довербата во нашата економија е вратена, нашето стопанство е развојно и конкурентно на странските пазари“, соопштуваат од СДСМ.

„Со официјалното членство во НАТО кое е извесно и со приближувањето до ЕУ, дополнително ќе се интензивира растот на извозот, но и позитивно ќе се влијае на отворање нови работни места и зголемено производство.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерки и политики кои обезбедуваат раст и развој, поконкурентна економија, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир