Охрид нема повеќе пари за уривање, големите дивоградби останаа нечепнати

Од:

Охрид нема пари за уривање дивоградби. Од Општината за „А1он“ велат дека сите пари предвидени за уривање се потрошени, иако градежните работници не урнаа ниту еден објект. Охрид требаше да урива на неколку локаци, но сопствениците бараа сами да си ги отстранат дивоградбите, по што работниците се повлекуваа. Градоначалникот Константин Георгиевски за уривањето предвиде 25 илјади евра, а на забелешките дека сумата е ниска за уривање на над 1000 дивоградби – тој најави дека поддршка ќе добие и од Владата.

„Од постојниот буџет се останати многу малку средства наменети за отстранување дивоградби. Со ребалансот на буџетот се предвидени нови 2 милиони денари, по што ќе се распише нов тендер, за избор на нова фирма“, велат од Општина Охрид за „А1он“.

Досега во Охрид се отстранети десетина дивогради, а со дополнителните 2 милиони денари ќе треба да се урнат над 1.000 објекти кои останаа нечепнати. Ребалансот на буџетот е направен, а во тек е процедура за распишување тендер, велат од Општината. Оттаму додаваат дека во најскоро време ќе биде комплетирана документацијата, а тендерот јавно објавен.

Охрид има рок до јануари да го заврши тендерот за уривање дивоградби, бидејќи по распишување на предвремените парламентарни избори, процесот за избор на фирма може да се блокира, како што тоа се случуваше во минатото.  Претходно, процесот се одолговлечи поради претседателските и локалните избори во Охрид, но и поради советникот Нефи Усеини. Неговата компанија „Нефи-ИК“ се пријави да урива во Охрид, но Антикорупциската комисија констатираше судир на интереси, по што договорот беше поништен.

Стопираното уривање дивоградби дополнително го загрозува УНЕСКО-статусот на градот. Комитетот на УНЕСКО даде рок до февруари да се урнат дивоградбите, а остануваат помалку од три месеци. Во градот се забележува само отстранување на дивите платформи на кафулињата, но на повидок сè уште нема стопирање на незаконското дивеење. Големите објекти, меѓу кои оние во заштитената зона, како пицеријата и бетонската база на советникот Нефи Усеини, остануваат нечепнати.

Владата минатиот месец усвои потреба за донесување на нов закон за легализација на дивоградби. Предлог-законот ги опфаќа и дел од охридските дивоградби, но не оние кои се во делот на регионот заштитен од УНЕСКО. Оттука, се погласни се тврдењата дека Охрид во февруари, сака пред Комитетот на УНЕСКО да покаже помалку дивоградби од утврдените во регистарот кој го изработи годинава.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице