Руски медиуми: Два скандала во Србија фрлаат сенка на посетата на Вучиќ на Русија

Од:

Денешната средба меѓу претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, доаѓа откако два скандала фрлија сенка на посетата, пишуваат денешните московски медиуми.

-Посетата на Вучиќ и неговите разговори во Сочи со Путин се од фундаментално значење, пишува „Комерсант“. Весникот наведува дека по двата големи скандали, кои влијаат на односите – шпионскиот и скандалот со српските мини во Украина – Самитот треба да одговори на главното прашање: дали Србија е подготвена да биде клучен сојузник на Москва во регионот или ќе продолжи да балансира меѓу Русија и Западот.

„Комерсант“ наведува, повикувајќи се на неименувани извори блиски до властите во Белград, дека Србија и понатаму ќе се обидува да одржува рамнотежа во односите со Русија и Западот, избегнувајќи очигледно потпирање само на една страна.

РИА Новости објави дека серијата скандали во Србија, каде Москва „повторно е вклучена, е единственото нешто што фрла сенка на средбата меѓу Вучиќ и Путин “. Агенцијата оценува дека односите меѓу двете земји се под тест.

-Серијата настани оваа есен го означија односот на стратешките партнери во ново светло, се вели во соопштението на агенцијата, додавајќи дека експертите веруваат дека скандалите нема да влијаат на односите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија