Кога францускиот лекар Кристијан Шенај го прими својот прв пациент во 1951 година, пеницилин беше најсовремениот лек. Тој сега има 98 години и во неговата амбуланта сè уште прегледува, во просек, по 20 пациенти на ден, два дена во неделата.
– Кога имате над 60 години, веќе Ве класифицираат како старец. Еден ден ви даваат карти, друг ден – томбола, третиот – судоку… И одеднаш, станувате комплетен. Подобро ми е како лекар, истакна Шенај.
Пред да почне да се занимава со семејна медицина, д-р Шенај специјализирал радиологија и работел како заварувач, пред студиите. Неговата амбуланта сè уште нема компјутер, но има факс-машина.
Тој посочува дека новина на денешнината се пациентите кои сами си наоѓаат дијагноза на интернет, а потоа доаѓаат кај него по лекови.
Просечната возраст за пензионирање кај лекарите во Франција е 67 години. Синот на д-р Шенај, кој исто така е лекар, веќе ја напушти работата, но татко му сè уште нема намера да го стори тоа.
– Ако седите и гледате телевизија по цел ден, брзо се вкочанувате и разумот не ви трае долго, гласи неговото образложение.