Ова беше една од оние трки во кои другите тимови се побрзи од нас. Но, нема потреба од никаква паника и разочарувања. Сезоната е долга и ќе има многу шанси за докажување, изјави Себастијан Фетел, откако не успеа да ја валоризира пол-позицијата на Големата награда на Австралија.
– Кога имате најдобра стартна позиција логично е да се очекува победа. Меѓутоа, по првите кругови гумите почнаа да се распаѓаат и тоа го искористија „Лотус“ и „Ферари“. Знеав дека Алонсо помина во боксот, но не знам од каде таму се најде Раиконен, истакна светскиот првак во Ф1, Фетел.
На вчерашната трка во Мелбурн со која беше отворена новата сезона во Формула 1, Фетел кој вози за „Ред Бул“ беше трет, а пред него завршија второпласираниот Фернандо Алонсо (Ферари) и победникот Кими Раиконен (Лотус).