Анонимни пријави за подметнати бомби во 30 трговски центри и 35 медицински установи во Санкт Петербург

Од:

Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи во Санкт Петрбург примиле анонимни закани за подметнати бомби, за Тасс изјави извор од Итната служба.

-Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи ги примиле писмата со закана за подметната бомба, изјави неименуваниот извор.

Друг извор за Тасс кажа дека во тек е евакуација во трговските центри Академически и Земчузнаја Плаза.

Очевидци пријавуваат на социјалните мрежи дека е во тек и евакуација во трговскиот центар Мега-Дибенко и други трговски центри.

Заедничката прес служба на судовите во Санкт Петербург претходно информира за евакуација на судовите, откако примиле анонимни писма за закани со подметнати бомби.

Неколку судови веќе продолжија со работа, а ниту една закана со бомба не е потврдена.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов