Крстичевиќ: Хрватска подготви план за издвојување на средства за НАТО

Од:

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ денеска изјави дека Загреб подготвил план за издвојување на средства за НАТО, како што претходно беше побарано од Хрватска.

Кон крајот на октомври во Брисел, Хрватска и одредени други земји-членки на Алијансата добија речиси ултиматум од САД и НАТО за шест недели да состават конкретен план за издвојување на два отсто од бруто домашниот производ за одбраната.

На Самитот на НАТО што утре и на 4 декември се одржува во Лондон ќе присуствуваат премиерот Андреј Пленковиќ и Крстичевиќ, при што ќе преземат јавна обврска дека Хрватска за пет години односно до 2024 година ќе достигне да издвојува два отсто од БДП за одбрана.

Хрватска сега издвојува околу 1,68 отсто од БДП за одбрана, при што се вклучени и воените пензии на ветераните.

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека Хрватска троши помалку на опремување и модернизација односно набавка на нови вооружени системи и модернизација на постоечките.

– Хрватска е најлоша помеѓу 28 земји-членки на НАТО и се наоѓа на последното место за опрема и модернизација, наведува „Вечерњи лист“.

Во Европа најмногу троши Велика Британија – 61 милијарди долари, Германија околу 55, Франција околу 51, Италија – 25, Турција и Шпанија издвојуваат по 13, а Полска – 12 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски