Нареднава пролет, на 8 март 2020 година, крстосувачката бродска линија „Bridge the Gap“ ќе го организира првото женско патување на кое ќе има само патнички.
Освен тоа, екипажот исто така ќе се состои само од жени. Капетан ќе биде Кејт Мекку, првата Американка која стана жена капетан на крстосувачки брод. Во посадата ќе има други 27 патнички од 12 држави.
Патувањето низ источниот дел на Карибите ќе трае седум дена и ќе се состои од туристички посети, предавања од областа на работата на море, како и мотивациски филмови.
Во светот денес, само два отсто од морнарите се жени.