Чешки весник: ЕК утврдила дека Бабиш е во судир на интереси

Од:

Европската комисија утврди дека чешкиот премиер Андреј Бабиш е во судир на интереси заради неговата поранешна деловна империја што ја остави во надлежност на фондови, објави чешкиот весник „Респект“, повикувајќи се на неименувани извори.

Европската комисија соопшти дека ги доставила резултатите од истрагата до чешките власти.

Чешкиот весник нагласува дека информациите за документот доаѓаат од два извора запознати со содржината.

Според западни медиуми, информации за документот нема ниту портпаролот на групата „Агроферт“, во која се сместени најголемиот дел од средствата на Бабиш, чија вредност според Форбс е околу 3,5 милијарди американски долари.

Компаниите во рамки на „Агроферт“ групата се приматели на најголеми субвенции од ЕУ за спроведување земјоделски и инвестициски фондови во Чешка.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница