Заев: Неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, заслужувате највисока почит

Од:

Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук профил изрази благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес.

„Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес.

Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963. Тогаш со помошта на нациите од целиот свет го изградивме повторно главниот град.

Припадниците на републичките сили за заштита ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст“, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога