Фредрик Љунгберг, кој првпат ја вршеше улогата привремен тренер на Арсенал, после ремито 2:2 со Норич, имаше измешани чувства.
Швеѓанецот беше разочаран, и наведе дека има некои сегменти во кои тимот мора да се поправи во иднина. Но, истакна дека видел и позитивни страни.
– Почнавме многу добро, но мора да работиме на транзицијата. Доминиравме, а тие лесно нè скршија и ни дадоа гол. Видов позитивни работи кои ги работевме на тренинзите, но ќе мора да даваме голови и да го превземаме водството. Сакав да победиме, па затоа сум разочаран, но имаше и добри моменти, изјави Љунгберг.